Каракачанов ќе извиси на изборите?


Според последното истражување на агенцијата „Алфа рисрч“, само помалку од половина од Бугарите ќе гласаат на парламентарните избори во март, додека дури 22 отсто сигурно нема да гласаат.Исто така според оваа анкета, популарноста на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е под прагот од 4 отсто за влез во Националното собрание.

Далеку поголема популарност и со сигурност би влегле во Собранието следните партии:

-ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов – 24,3% проценти,
-БСП на Корнелија Нинова – 21,9%
– Постојат такви луѓе на ТВ водителот Слави Трифонов – 10,2%
-ДПС на Мустафа Карадај и Ахмед Доган – 7,2%
-Демократска Бугарија на Атанас Атанасов  –  6,1%
-Исправи се.БГ на Маја Манолова – 4,9%

Бугарските опозициски медиуми сметаат дека причината за непопуларноста на Кракачанов и неговата партија ВМРО е поради тоа што тој е постојано присутен во медиумите и досега имаше повеќе медиумиски настапи од останатите шест лидери заедно. Инаку, на македонската јавност, Каракачанов е познат по неговите антимакедонски ставови.