Каракачанов ги објави македонските политичари со бугарски пасоши
Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на својот профил на Фејсбук објави список на имиња на членови на македонската опозиција кои имаа бугарско државјанство. Меѓу нив се споменуваат имињата Антонио Милошоски, Александар Николоски, Филип петровски…
„Над 120.000 граѓани на Република Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори. Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија, пишува Каракачанов на ФБ.
Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.
Меѓу случајните имиња на кои наидов пишува Каракачанов се , на пример:
Александар Николоски – запишан во областа Средец – Софија,
Антонио Милошоски – запишан во областа Вазараждане – Софија,
Никола Мицевски – во Ќустендил
Стефан Андоновски – Ќустендил
Марија Андоновска – Благоевград,
Jупчо Димовски – Ќустендил
Бојан Стојановски – Благоевград,
Иван Јорданов – Ќустендил
Игор Здравковски – Ќустендил
Марија Петрушевска – Средец,
Дајанчо Ефтимов – Благоевград,
Здравко Трајанов – Благоевград,
Александар Пандов – Средец,
Петар Богојески – Обориште,
Филип Петровски – Средец,
Стевица Јанева – Петрич,
Тало Груевски – Благоевград.
-Се разбира, секое совпаѓање на имиња со луѓе кои заземаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде случајно“, стои во објавата на Каракачанов.