„Капитал ассет менаџмент“ одбележа една година на македонскиот пазар


 

Друштвото за инвестиционо советување „Капитал ассет менаџмент“, месецов, одбележува една година постоење на македонскиот пазар. Според Коста Костадиновски, основач и директор на „Капитал ассет менаџмент“, ова е единственото друштво за инвестиционо советување на пазарот кое врши услуги за управување со портфолио за индивидуален клиент и инвестициско советување. 

„Предизвиците ги претворивме во можности за раст и развој на компанијата, а за тоа говорат задоволните клиенти, чијашто доверба овозможи да се етаблираме помеѓу институциите во финансискиот сектор. Несомнено е дека растот на компанијата и личниот раст треба да одат во иста линија. Затоа, скалилата што тимски ги искачивме минатата година даваат мотив и предизвик да стигнеме на врвот“, вели Костадиновски.

Друштвото доби дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност минатата година. Во септември лани започна активно да работи и имотот на управување е во постојан пораст.

„’Капитал ассет менаџмент’ претставува збир од нашето долгогодишно искуство на берзите и континуитет на успешната и долгогодишна соработка со нашите клиенти, со некои подолга и од 15 години. Низ годините, водени од начелата на чесност и транспарентност во работењето, формиравме силни врски со нашите клиенти и тоа е најголемиот наш капитал”, рече Костадиновски.