Кандидатот за наследник на Меркел, Фридрих Мерц, има корона

Фридрих Мерц, еден од кандидатите да ги предводи германските владејачки христијански демократи, позитивно се тестираше за коронавирусот.
„Корона тестот извршен во неделата во мојот дом излезе позитивен“, објави Мерц во вторникот на Твитер. „Ќе бидам под карантин дома до крајот на следната недела“.
Мерц (64) рече дека неговите симптоми се „за среќа благи до средни“ и дека ги откажал сите негови наредни средби за да ги следи инструкциите на германските јавни здравствени власти.
Мерц е еден од тројцата кандидати кои се борат да ја заменат Анегрет Крамп-Каренбауер како лидер на Христијанско демократската унија. Победникот на тој натпревар ќе биде во пол позиција да биде кандидат на ЦДУ за да ја наследи Ангела Меркел како германски канцелар.
Другите кандидати се Армин Лашет, премиер на германската најнаселенеа покраина Северна Рајна Вестфалија и Норберт Ретген, претседател на комитетот за надворешни работи на Бундестагот.
Специјалниот конгрес на партијата на ЦДУ за избор на новиот лидер, што требаше да се одржи на 25 април, е одложен поради кризата со коронавирус.