Кандидатите за градоначалници на Центар потпишаа Кодекс за фер и демократски избори


Кандидатите за градоначалници на Општина Центар, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори со кој се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи како и владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите. 

Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, изјави Герасимовски.

Герасимовски при денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори исто така се обврза дека преку почитување на законот нема да ги користи државните капацитети и потенцијали и со тоа ќе спроведе еднаквост во кампањата и етичко известување за истата.