Кампањите на Харис и на Трамп низ видеа и слики


По повеќе од 700 дена кампања Американците денес ќе го изберат идниот претседател. Во кампањата беа употребени многу сретства, што ја прави политички една од “најкрвавите“ во поновата историја на САД, вклучувајќи ги и двата обиди за атентати на републиканскиот кандидат – ако историјата покаже дека беа реални, а не пропаганден трик.

На помош беше викната и вештачката интелигенција, така што половината од тоа што го видовме тука кај нас беше лажна слика на кандидатите, особено спектакуларните видеа на Трамп како танцува со Илон Маск.

Нивото на политичките пораки и на јазикот беше спуштено толку ниско што кампањата наликуваше на таа кај нас, па на моменти и не надмина, иако Македонија не е светол пример за демократија и политичка толеранција.

Видеата и фотографиите подолу доловуваат дел од таа атмосфера пред финалното гласање кое, како и кампањата, може да донесе многу изненадувања.

Светот е парализиран и овие два дена сите рефлектори се вперени во САД. На почетокот е еден од повеќето вакви постови на „Х“ на Маск каде што ботови нудат 150 долари награда на секој што ќе ја репостира пораката за поддршка и победа на Трамп, што е нов вид на купување гласови – по електронски пат.