Кампањата на Трамп поднесе тужба да запре броењето на гласовите во Мичинген


Кампањата на претседателот Доналд Трамп поднесе тужба во Мичиген за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори.

„Денеска поднесовме тужба до Судот за жалби во Мичиген да го запреме пребројувањето сè додека не се добие значаен пристап. Ние исто така бараме да ги прегледаме ливчињата што беа отворени и преброени додека немавме значаен пристап“, се вели во соопштението на кампањата.

Нема јасен претседателски победник во државата која има 16 изборни гласови, но Си-ен-ен пред малку прогласи дека Џо Бајден го освоил Мичиген.

Кампањата на Трамп бара и пребројување на гласовите во Висконсин, друга држава која ја доби Бајден.

Со победата во Мичиген и ако се потврдат водствата во Аризона и во Невада Џо Бајден ќе освои 270 електорски гласови колку што требаат најмалку да се стане претседател на САД. Тогаш не ќе биде неопходна победата во Пенсилванија каде е во тек броењето на околу милион гласови испратени по пошта, за кои се верува дека 75 отсто се за Бајден. Во моментов Трамп води во Пенсилванија со 310 илјади гласови разлика.