Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје
Во „Јавна соба“ во Скопје, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија како дел од кампањата „ВТОР ДЕН МИ Е“ која има за цел да ја подигне свеста за предизвиците на вториот ден од менструалниот циклус и да ја разбие стигмата поврзана со менструалното здравје на жените.
На панел дискусијата ќе учествуваат Весна Јаневска, министерка за образование и наука, д-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог, Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија и Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист.
По дискусијата ќе биде отворена фото изложбата „ВТОР ДЕН МИ Е“, каде 13 девојки и жени се фотографирани на вториот ден од циклусот и на друг ден, прикажувајќи ја евидентната разлика.
Фотограф на изложбата е Стефан Самандов.