Кампања на „Лајка“ за рушење на предрасудите кон питбулите

Јавното претпријатие „Лајка“ почнува кампања за подигање на свеста и рушење на предрасудите за кучињата питбули.
Кампањата насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање“ е со цел да се смени општествената перцепција за оваа раса на кучиња и да се покаже дека сепак тие се лојални и подготвени за љубов, а не за насилство.
Во рамки на кампањата ќе бидат објавени фотографии со питбулите сместени во ЈП „Лајка“.
– Веруваме дека секое животно заслужува фер шанса. Нашите питбули се докажани како питоми и приврзани пријатели кои со години чекаат некој да ги види онакви какви што навистина се. Со оваа кампања повикуваме јавноста да ги погледне овие прекрасни кучиња низ поинакви очи, медиумите да помогнат во рушењето на стигмата семејствата да отворат срце и дом за љубов, не за предрасуда, велат од ЈП „Лајка“.