Казна ќе плати правното лице за камионот што пропадна на плоштад


Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, велат од Град Скопје.
 
– Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава – додаваат од Град Скопје.
 

Инаку, утрово на социјалните мрежи повторно осамнаа фотографии од камион пропаднат низ плочките на подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. 

Ова е четврт пат откако плоштадот е реконструиран камион да пропадне во фонтаната, која од друга страна работи едвај два месеци во текот на летото.  

Многу логично е товарено возило да пропадне низ плочки кои имаат многу мала подлога, со цел на водата да ѝ овозможи излегување и отскок од неколку метри. 

Се поставува прашањето, зошто воопшто товарни, па и лесни возила, би поминувале низ плоштадот (освен ако не се работи за брза помош, противпожарен камион или некои друго возило кое укажува помош).

Нормално би било, возилата кои служат за достава, без разлика дали се работи за пијалоци и храна за околните кафулиња и кафеани, како и овие возила кои носат тешка опрема за снимање филм, или како во претходните случаи за подроготвка на „Пиволенд“ или дочек на спортистите кога се мести бина, да застануваат на пристапните улици со асфалт. Асфалтот е наменет за поддршка на потешки возила, па од таму стоката што треба да се донесе до плоштадот, да се носи на помали колички, што ќе ги турка некој доставувач,

Сепак, во случајот, камионот имал дозвола за движење низ пешачката зона на плоштадот издадена од Град Скопје, тврди МВР, односно полицајците кои излегле на увид.

– Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштадот „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т. (31) од Република Турција, со двете предни гуми влего во фонтаната на плоштадот. Полициски службениви излегле на емстото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од Град Скопје, за снимање на емисија пред Камениот мост. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.