Камионџиите од Канада со огромен конвој против задолжителната вакцинација

По целодневното возење низ Канада, конвојот камиони стигна во Отава во знак на протест против задолжителното вакцинирање и мерките против Ковид-19.
Организаторите тврдат дека се работи за мирен протест, но полицијата не е баш сигурна сека нема да дојде до инциденти.
Од таа причина премиерот Џастин Трудо и неговото семејство за време на протестот превезени се на тајна локација.
Протестот под називот „Конвој на слободата“ организиран е поради одредбата за задолжително вакцинирање за возачите на камиони кои ја преминуваат канадско-американската граница, која порано овој месец ја спроведе владата на премиерот Трудо. Според неа, сите невакцинирани канадски возачи кои че ја преминат границата , при враќањето во земјата мора да поминат одреден период во изолација.
„Сакаме да бидеме слободни, сакаме повторно да имаме свој избор“
Во знак на негодување, коалицијата возачи о конзервативни групи организираше протестни колони возила кои тргнаа од западот на Канада. На патот кон источните подрачја , се поголем број луѓе им се приклучуваа како поддршка.
Посебно им се придружија оние кои не се сложуваат со политичките одлуки на Трудо и кои сметаат дела мерките воведени за сузбивање на ширењето на пандемијата ги ограничуваат нивните слободи.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа поминувањето на колоните камиони и други возила, како ги бодрат луѓе собрани покрај патиштата. Овој необичен протест привлече и меѓународно внимани, а поддршка му дадоа и Доналд Трамп Џуниор, синот на поранешниот американски претседате, британскиот комичар Расел Бренд и Елон Маск.
Canadian truckers rule
— Elon Musk (@elonmusk) January 27, 2022
Демонстрантите планираат за викендот да останат во Отава, а нивните почетни барања, како укинување на задолжителната вакцинација, прераснаа во сеопфатни – па, сега бараат поништување на таа одлука за сите групи.
„Сакаме да бидеме слободни, сакаме повторно да имаме свој избор и сакаме надеж – а владата тоа ни го одзеде. Остануваме овде додека не може да се вратиме на работа“, вели за Би-би-си Херолд Џонкер, возач на камион и сопственик на автопревозна комапнија.
Загриженост за екстремно десни групи
За сега во текот на колоната не дојде до никакви немири, но полицијата е загрижена дека протестот може да добие поддршка од екстремно десничарски групи, а кои може да им се придружат во Отава.
Водачот на полицијата во Отава, Петер Слолу, вели дека во петокот полицијата се подготвила за потенцијани противдемонстрации и дека се загрижени по објавите на социјалните мрежи во Канада и во странство „кои сепак истакнуваат омраза, насилство и во некои случаи криминал“.
Организаторите јасно назначија дека се работи за мирен протест и ги повикаа учесниците да пријават ризично однесување.
Вакцинирани межу 85 и 90 отсто од возачите
Здружението на канадски возачи наведува дека вакцнирани се меѓу 85 и 90 отсто од 120.000 камионџии и смета дека многу од демонстрантите немаат никаква врска со оваа професија.
Многу компании изразија загриженост заради одредбата за задолжителна вакцинација на возачите на камиони затоа што сметаат дека таа само може да ги зголеми проблемите со снабдувањето.
„Се од што зависат Канаѓаните – храна, облека, електроника – се стигнува во задниот дел на камионите“, вели за Би-бис-сиАмбариш Чандра од школата за бизнис.