Камчев морал да оди на Управен одбор и да се едуцира во странство


Бизнисменот, Орце Камчев добил времен пасош со важност од шест месеци бидејќи морал да оди на службени патувања кои ги имал како член на Управниот одбор и задолжителна едукација. Камчев барал времен пасош со рок од осум месеци, но судот му одобрил пасош со важност од шест месеци, заклучно со последната служена обврска на осомничениот.

„Согласно одредбите до ЗКП, судијата на претходна постапка се обратил до надлежниот јавен обвинител од каде е добиено позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност. Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот месец, со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од
6 месеци, заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а согласно член 41 од Законот за патни исправи, – МВР во управна постапка издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд“, соопштуваат од Судот.

На Камчев му е издаден времен пасош, а македонскиот и бугарскиот пасош се наоѓаат во Судот.