„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денари за годишен одмор за вработените


„КАМ“ ги зголеми платите на вработените, а тие ќе добијат и К-15 од 33 илјади денари, соопштија од компанијата. 

„Независно од комплексните економски услови ‘КАМ маркет’, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените.
Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, ‘КАМ’ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15 отсто, а во логистиката и транспортот за 13 отсто“, посочија од компанијата.

Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.

Од „Кам маркет“, додаваат дека покрај планираното зголемување на платите, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.