Калиопи со концерт во Скопје по 15 години, еве кога


Фото: Б. Грданоски

Поп-ѕвездата Калиопи се враќа со концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“ по 15 години пауза. 

„Македонијо, во истата оваа сала ќе се видиме на мој концерт на 19 октомври“, најави пејачката, синоќа, на концертот на регионалната ѕвезда Жељко Самарџиќ,  со кој минатата година ја објавија песната „Знам“ и која првпат заедно во живо ја изведоа во Белград , а ја промовираа и во Скопје.

Со години е посветена на настапи низ регионот, пред две години триумфираше на концертот во Велес, во Велешкиот театар, прв концерт во Македонија, по седум години.

По настапот во Белград, во февруари, во  МТС салата, кој е нејзин осми во Белград, имаше настапи и во Охрид и во Маврово. 

Во меѓувреме стана заштитно лице на италијански накит и присуствуваше, лани, во декември на промоцијата на  ребрендираната продавница Chapter03 во Ист гејт мол во Скопје.