Калиопи пријави во полиција за лажната вест дека починала
По лажните вести кои се појавија на интернет дека Калиопи починала, поп-ѕвездата поведе постапка и случајот го пријави во МВР, во одделот за интернет криминал, потврдија од тимот на Калиопи.
Во лажната вест се вели дека Калиопи починала од срцeв удар и циста на мозокот, со изјава од лекарот Владимир Трајковски кој наводно ја коментирал нејзината смрт.
Претходно, се појавија лажни реклами со кои се злоупотребува нејзиното име во која Калиопи наводно рекламира слушни апарати.
Калиопи по фантастичните концерти на Хераклеа, Охрид, и Крива Паланка на 19 октомври ќе одржи концерт во Скопје во салата „Борис Трајковски“.