Калас: На Украина не и требаат гаранции на хартија, туку вистински војници
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ ги коментираше гаранциите што треба да ги добие Украина, ако веќе не стане членка на НАТО. Поучени од претходните искуства со договорите со Русија, таа отфрли гаранција на хартија.
-Земјите сакаат да бидат во НАТО затоа што не сакаат Русија да ги нападне. Затоа Шведска и Финска се приклучија на НАТО. Затоа балтичките држави се приклучија на НАТО, за да имаат овој одбранбен чадор, навистина.
Сега, ако ова не е во прашање [за Украина], или ова е исклучено, тогаш треба да видиме кои се безбедносните гаранции што се опипливи. Тие не можат да бидат документи или ветувања. Тие мора да бидат вистински војници, вистински капацитети, за да може Украина да се одбрани. Мора да разбереме дека Донбас не е крајната цел на Путин. Ако биде доминиран, тогаш мора да се одбрани“, рече Калас.