Какви мерки важат во Европа за божиќните празници
Европа се наоаѓа во вториот бран од пандемијата со корона вирус, што доведе до воведување строги мерки, па и делумно или целосно затворање во некои држави, пред претстојните празници.
Поради празниците, кога луѓето традиционално се собираат со семејствата или пријателите, кои можат да бидат потенцијални жаришта, се воведуваат нови мерки.
Дер Шпигел објави преглед на мерки во неколку клучни европски земји, со оглед на тоа дека во Германија се води јавна расправа за тоа кои и какви мерки треба да се пропишат за празниците.
Во Шпанија забрана за патување меѓу региони
Во Шпанија и понатаму на сила се мерки според кои е забрането патување од еден во друг регион, како и собирање повеќе од шест луѓе дома.
Сепак, по повод празниците некои мерки олабавуваат: 24, 25 и 31 декември, довзолено е собирање до десет луѓе, вклучително и деца, а ќе може и да се отпатува на посета, но на најблиските роднини.
Во Франција забрана за излегување од 21 до 6 часот
Во Франција дозволено е одбележување на празниците со максимално шест возрасни, додека бројот на деца не е ограничен. Премиерот Жан Кастекс најави дека полицијата нема да ги контролира празничните прослави на граѓаните, а можно е да се патува низ државата. Франција и така беше потполно затворена со недели, па најавено е дека некои мерки престануваат на 15 декември. Но, потоа стапува на сила забраната за излегување од дома од 21 до 6 часто наутро, која нема да важи на 24 и 25 и на 31 декември.
Во Франција за време на празниците остануваат затворени кафулињата, баровите и рестораните, но ќе може да се посетат музеи и театри, со посебни мерки на претпазливост. На мисите ограничен е бројот на учесници, откако црквите претходно беа затоврени со одлука на властите. Сепак, по поднесените тужби тие се изборија да бидат отворени, а мисите ќе се одржуваат со редуциран број верници, односно на секое трето место по еден, на секој втор ред.
Австрија со строги мерки на границите
Во Австрија дозволено е собирање на поблиското семејство за божиќните празници, но не во поголем број од десет. Патувањата во внатрешноста на земјата е дозволено, но затоа Австрија воведува рестриктивни мерки на границите, затоа што се плашат од вирусот.
Полска во фаза на одговорност
Полска беше тешко погодена од вториот бран на пандемијата. Врвот го достигна на 7 ноември со 27.875 нови инфекции – од вкупната популација од околу 38 милиони. Но, новите бројки паѓаат со недели. Во вотрникот преброаја 8.312 нови случаи.
Полската влада воведе релативно строги правила за заклучување: училиштата се затворени, како и хотелите и баровите. Рестораните може само да доставуваат храна. Во продавниците одредено е време за пазарување на постарите.
Владата оваа фаза од борбата со пандемијата ја нарече „фаза на одговорност“. Треба да се применува до 27 декември. Овие мерки се ублажуваат за Божик, пет лица може да присуствуваат на семејни прослави, не сметајќи ги гостите кои се повикуваат, но тие мора да бидат од исто семејство. Посебно болно за католичата земја е што постојат строги ограничувања за учесниците во црковни настани.
Во јануари следува таканаречена фаза на стабилност, па зимскиот распуст е продолжен до 17 јануари. Хотелите остануваат затворени, но ќе бидат отворени ски-лифтовите. Во февруари треба да започне вакцинацијата.
Во Холандија дозволени само три гости дома
„Работите не одат добро“, гласи моменталната проценка на холандскиот премиер Марк Руте, за пандемијата во Холандија. Неговата влада предложи применливи мерки во текот на празниците.
Баровите и рестораните и понатаму се затворени. Дури и за Божик, граѓаните смеат дневно да примаат најмногу тројца гости, а по можност треба да дојдат од околината. Повеќето цркви се затворени.
Во Велика Британија попуштаат мерките
Во Велика Британија, за Божик, попуштаат дел од мерките. На грѓаните им е дозволено да се организираат „меур“ забави, односно од 23 до 27 декември по три семејства може да се соберат и да прославуваат заедно. Во Северна Ирска истото важи до 29 декември, а Шкотска е построга па дозволува само собирање на осум гости.
Строги мерки во Италија
Владата на премиерот Џузепе Конте значително ја ограничи слободата на движење за празниците. Од 21 декември до 6 јануари Италијанците не смеат да го напуштат својот регион. Нема патувања, меѓу Тоскана и Ломбардија на пример. А оној што сака да се врати од странство мора да биде во карантин две недели.
За божиќните празници и Нова година уште построги мерки ќе се применуваат: сите граѓани ќе мора да останат во својата општина. Посета на роднини е забранета, а секое семејство слави само за себе.
Исклучок се само бабите и дедовците на кои им треба поддршка. Строго е забрането излегување по 22 часот, па божиќните миси мора да се одржат пред тоа.
Сепак, рестораните, кафулињата и слаткарниците остануваат отворени до 18 часот на подрачја со низок ризик, а на маса дозволено е да има четворица. За кршење на мерките казната е 400 до 1000 евра.
Продавниците во Шведска ќе бидат отворени
Во Шведска рестораните, продавниците и скијалиштата остануваат отворени, а за Божик имаат построги правила.
Премиерот Стефан Ловен пред некој ден упати вообичаен апел до граѓаните: „Ве молам, немојте да славите со повеќе од осум луѓе дома и избегнувајате патувања, вечери и пазарење“.
Грција ги олабавува мерките, но воведува национален полициски час
Грција за време на празниците ќе ги намали карантините и повторно ќе ги отвори црквите за празниците, најави владата во Атина.
На патниците кои ќе влезат во земјата меѓу 18 декември и 7 јануари им следува карантин но намален за три дена, а ќе мора да покажат тест на граница дека не се позитивни.
Црквите се отвораат за Божик и Богојавление кое се одбележува на 6 јануари. На овие празници ќе биде допуштено по девет луѓе во црквите и 25 во катедралите.
Грција планира од 13 декември до 7 јануари да воведе национален полициски час, каде граѓаните ќе мора од 22 до 5 часот наутро да останат дома, а ако сакаат да излезат мора да побараат дозвола од властите.