Каква туристичка сезона имаше Хрватска: Помалку Германци и Италијанци од претходните години


Министерството за туризам на Хрватска ги претстави резултатите за осум месеци од годинава.
Резултатите и активностите ги презентираа министерот за туризам и спорт, Тончи Главина и директорот на Хрватскиот туристички одбор, Кристјан Станичиќ.

Главина рече дека во претсезоната има зголемување на пристигнувањата за осум проценти.

Во седмиот и осмиот месец имавме раст од 1 процент“, додаде тој и рече дека бројот на ноќевања е ист како и лани.

Евидентирани се над пет милијарди евра расходи, што е за 11 отсто повеќе од лани.

Шефот на Хрватскиот туристички одбор, Станичиќ, презентираше податоци за првите десет земји кога станува збор за структурата на гостите.

Најбројни туристи во Хрватска се Германците, но годинава ги има помалку од лани.

По Германците, по бројот на ноќевања следат Хрватите и Словенците. Во првите пет се и Австријците и Полјаците.

Статистиката покажува дека Италијанците забележале пет отсто помалку пристигнувања и седум отсто помалку ноќевања во споредба со 2023 година. Во споредба со 2019 година, падот е огромен, односно Италијанците имале 23 отсто помалку пристигнувања и 28 отсто помалку ноќевања.

Кога станува збор за најпосетуваните дестинации според вкупниот број на пристигнувања и ноќевања, Ровињ го зазема првото место со 3.417.198 ноќевања. Потоа следат Дубровник, Пореч, Сплит и Умаг.