(ВИДЕО) Како наседна Русија на украинската пропаганда за јужна офанзива?

Јужната офанзива на Украина беше дизајнирана да ја измами Русија, тврдат сега украински функционери.


Јужната офанзива на Украина беше дизајнирана да ја измами Русија, тврдат сега украински функционери откако нивните трупи ослободуваат место по место на северниот дел од окупираната територија,околу Харков, а не Керсон на југот. Според нив многу најавуваната јужна украинска офанзива беше кампања за дезинформација, за да се одвлече вниманието на Русија од вистинската што се подготвува во регионот Харков.

Украинските сили продолжуваат да прават неочекуван, брз напредок во североисточниот дел на земјата, заземајќи повеќе од една третина од окупираниот регион Харков за три дена. Голем дел од територијалните придобивки на Украина беа потврдени од руското Министерство за одбрана во саботата.

„Тоа беше голема операција за специјална дезинформација“, рече Тарас Березовец, поранешен советник за национална безбедност, кој стана офицер за печат на бригадата Бохун на украинските специјални сили.

„Русија мислеше дека ќе биде на југ и ја премести својата опрема. Потоа, наместо на југ, офанзивата се случи онаму каде што најмалку очекуваа, а тоа предизвика паника и бегство“.

На 29 август, јужната команда на Украина објави дека долгоочекуваната офанзива во регионот Керсон започнала. Но, војниците на фронтот во Керсон тогаш рекоа дека не виделе докази за наведената офанзива и дека активните битки се реакција на обидот за руска офанзива неколку дена претходно. 

Во изминатите две недели, украинските сили на југот зазедоа неколку села, што  не е мал подвиг со оглед на силните руски позиции. Но, придобивките не беа значително различни од постојаниот, но ограничен напредок што го постигнаа украинските сили во регионот Керсон во текот на јули и август. А, сепак, заземањето на овие мали Керсонски села, со население од неколку илјади, одеднаш стана голема меѓународна вест.

Наталија Хумениук, портпаролка на јужната команда на Украина, инсистираше на „режим на тишина“ и привремено им забрани на новинарите да ги посетуваат првите линии во Керсон.  Березовец рече дека медиумската возбуда околу јужната офанзива била координирана кампања за дезинформации од Украина, насочена кон руските сили, кои се зацврстувале тука  неколку месеци.

„Таа кампања беше успешна во испровоцирањето на Русија да премести опрема и персонал на јужниот фронт, вклучително и делумно од регионот Харков“, рече Березовец. (Гардијан)