Како кучето Шиба ја доби војната со руската пропаганда?


Ивана Страднер го отвори својот  ајфон и напиша едноставен повик за војна: Ослободете ги кучињата!  Освен што е аналитичар од Вашингтон и експерт за руска пропаганда, Страднер е исто така член на НАФО – или Северноатлантската организација Фелас – неформална алијанса на воини на интернет културата, експерти за национална безбедност и обични корисници на Твитер кои користат мемиња, вирални видеа и фотографии од кучиња за да возвратат на руската онлајн дезинформација.

„Себеси се гледам како цивилен пропагандист на НАФО“, рече Страднер, советник на Фондацијата за одбрана на демократиите, конзервативен тинк-тенк. „Досега Русија беше единствената подготвена да игра валкана игра“.

Со објавите на Твитер таа им дава до знаење на своите 26.000 следбеници на кого би можеле да се обратат доколку треба да се справат со наездата на „Ватниците“ – руски навредлив збор за  симпатизерите на Кремљ. Групата – која вклучува обични „пешаци“ како Страднер, како и политички „тешкаши“, како американскиот конгресмен Адам Кинзингер, поранешниот естонски претседател Томас Хендрик Илвес и од оваа недела министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников – користи како свое оружје  лошо нацртана слика на Шиба Ину, јапонската раса на кучиња која стана интернет сензација пред една деценија и е означена како „doggie” во интернет културата.

„Момците“ на НАФО, како што претпочитаат да се нарекуваат, ги објавуваат  своите профили   на Твитер со аватарот Шиба Ину.  Тие се закачуваат на руската пропаганда преку координирани напади на социјалните мрежи кои се потпираат на хумор – тешко е сериозно да се сфати лошо нацртано кучешко меме – за да го исмеваат Кремљ и да ги поткопаат неговите онлајн пораки.

Така, секогаш кога соработниците на НАФО ќе забележат руски функционер или симпатизер кој објавува про-Кремљ ставови на Твитер (на пример, може да го користат хаштагот #Article5 – знак на делот од договорот на НАТО кој повикува на колективна одбрана), тие ги „бомбардираат„ овие профили со поддршка за Украина. Тие, исто така, го преплавија Твитер со вирални мемиња кои го напаѓаат рускиот претседател Владимир Путин и видеа кои ги исмејуваат воените напори на Кремљ. Во просек на ден, сега има повеќе од 5.000 објави на Твитер поврзани со НАФО наспроти само неколку во мај.

Координираното објавување „срања“  е во служба на воените напори на Киев бидејќи НАФО започна кон крајот на мај пред се како онлајн алатка за прибирање финансиски средства за украинските војници. Секој што донира пари преку PayPal (НАФО никогаш не ја допира вистинската готовина) на групи како Грузиската легија, воена единица создадена веднаш по инвазијата на Русија на Крим во 2014 година, може да побара од групата свој  кучешки аватар.

„Никогаш порано не сме виделе вакво нешто“, рече Ема Салсбери, докторант на Биркбек  Универзитетот во Лондон, која ги проучува западните воени тактики. „Оваа организација штотуку произлезе од она што беше многу длабок, во многу ниша, дел од интернетот“.

Солсбери сега одлучува  каков тип на аватар на Шиба Ину сака да има пред да донира помош. Нејзиниот претпочитан избор: „Божица воин“, рече таа. Дури и одговарањето профил на Твитер со кучешки аватар може да направи руски дипломат да изгледа глупаво. 

Со подемот на социјалните медиуми, потенцијалните политички групи се обидоа да ја искористат интернет иконографијата некогаш резервирана за интернет разговори во потрага по регрути, внимание и влијание. Џихадистите произведуваат клипови на YouTube кои прикажуваат борби на Блискиот Исток, додека западните екстремисти го користат мемето „Жабата Пепе“ за да ги означат нивните пораки преку Интернет.

За НАФО, тоа е скромниот аватар Шиба Ину – раса на кучиња со глупав изглед, популаризирано од главниот извршен директор на Тесла и потенцијалниот онлајн трол Илон Маск и неговата поддршка за Dogecoin, криптовалутата.Како што растеше заедницата, нејзините членови почнаа да копираат онлајн тактики директно од дезинформациската книга на Кремљ исипувајќи голема доза на интернет култура и хумор за да ја поткопаат руската пропаганда.

Работата очигледно е ценета. Во вторникот, министерот за одбрана на Украина, Резников твитна „личен поздрав до #NAFOfellas“ и ја смени својата слика на профилот со нарачан кучешки аватар облечен во костум, кој носи украински штит и стои пред бомбардираниот мост.

„Би сакал да и се заблагодарам на секоја личност зад цртаниот филм Шиба Ину. Вашите донации за поддршка на нашите бранители, вашата борба против дезинформациите се вредни“, напиша Резников. „Проширувањето на НАФО не може да се преговара!“

За Џејми Коен, експерт за интернет култура на Градскиот универзитет во Њујорк, НАФО ја искористи културата на социјалните медиуми да стане дел од секојдневниот живот на луѓето. Додека руската пропаганда останува строго контролирана преку медиумите поддржани од Кремљ, оваа група ги освои луѓето затоа што секој може да се придружи, а нејзиниот фокус е на хуморот и им дава на луѓето позитивен начин да ја покажат својата поддршка за Украина.

„Ова е актуелен тактички настан против национална држава.Тие имаат многу специфична тактика. Многу е едноставно да се спроведе, а имаат и маскота“.

Руските инфлуенсери се мачеа да одговорат на лошо нацртаните мемиња од Шиба Ину, виралните видеа во стилот на YouTube и моќта на обичните корисници на социјалните мрежи кои ги разоткриваат точките на разговор во Кремљ. Во суштина, НАФО може да плива во онлајн води во кои владите се борат да влезат.

Петмина западни функционери за национална безбедност го поздравија подемот на таквите проукраински интернет воини. За разлика од вообичаено безбојните официјални напори за отфрлање на невистините на Кремљ, НАФО го искористи широкиот јавен гнев против Русија преку референци за популарната култура и смеа, додаваат тие.

„Употребата на хумор во борба против дезинформациите е брилијантна стратегија“, рече Јакуб Каленски, висок аналитичар во Европскиот центар за извонредност за борба против хибридните закани, заедничка иницијатива меѓу земјите на НАТО и Европската унија. 

Руски функционер кој заглави со  НАФО е Михаил Улјанов, амбасадор на Москва во меѓународните организации во Виена и познат продавач на пропагандата на Кремљ преку неговите 30.000 следбеници на Твитер. Откако Кремљ го засили нападот во февруари, рускиот дипломат ги обвини САД за создавање „министерство за вистина“, ги критикуваше корисниците на социјалните мрежи за пласирање „лажни вести“ и тврдеше дека Русија ја нападна Украина само како одговор на агресијата на Киев. Последната изјава го привлече вниманието на НАФО.

Кога некој од движењето го обвини Уљанов дека  ја пишува одново историјата, Русинот одговори со реплика за која подоцна ќе зажали: „Ти ја кажа оваа глупост. Не јас.” Откако се закачија на неговиот профил  повеќе момци, неговата порака стана меме на чаши и маици на НАФО. Улјанов прво ги обвини своите критичари на Твитер дека се ботови, а потоа стана невидлив една недела откако другарите на НАФО го бомбардираа неговиот профил на социјалните мрежи. Подоцна рече дека детоксикацијата на социјалните мрежи била затоа што бил на одмор.

„Ова е група која направи нешто. Тоа е силата на социјалните мрежи против руските пропагандисти“, рече Бенџамин Талис, висок соработник во Германскиот совет за надворешни односи, тинк-тенк во Берлин, кој си обезбеди свое куче аватар откако донирал за украинските каузи. „Тие успеаја да го стават  Улјанов офлајн за една недела“.

 Метју, мринецот кој го користи Твитер и е еден од водечките профили на НАФО, е изненаден колку далеку е отидено движењето откако тој и другите рани посвојувачи почнаа да објавуваат кучешки мемиња на почетокот на целосната инвазија на Владимир Путин на Украина. Тој помага во водење на онлајн форумот што се користи за координирање на барањата за аватари, но се обидува да ја држи својата вклученост одвоено од неговиот офлајн живот (и одби да го каже своето презиме од безбедносни причини).

 „Една од најсмешните работи за овој лик е тоа што ако твитате на некој од овие руски владини профили или поддржувачи и кога тие одговорат, се занимаваат со куче од цртан филм“, вели тој.

Американски воен ветеран вели дека НАФО е потсетник дека Москва не е таква велесила во  дезинформации како што многумина веруваат дека е. Ако Кремљ не може да се справи со неорганизирана толпа кучешки профили на социјалните мрежи, додава тој, како може сериозно да се сфати неговата пропагандна машина?

Камил,  27-годишен Полјак (чие презиме ПОЛИТИКО не го открива од безбедносни причини) станува во 5 часот наутро, го отвора својот профил на Твитер и почнува да работи на создавање на аватари на Шиба Ину, продавајќи се со НАФО – од Т- кошули и чаши до дуксери и беџови , координирајќи го движењето што  го започна случајно.

„Никогаш не очекував дека ќе бидам таму каде што сум денес“, рече тој откако го објави првиот твит на НАФО кон крајот на мај, како дел од напорите за собирање средства за Грузиската легија. Тој почна да го претрупува Твитер со кучешки мемиња, спојувајќи ги со воени снимки за да ја исмева руската војска и да ги пофали украинските војници. Кога и другите почнаа да донираат, тие почнаа да му испраќаат пораки на платформата  со барања за свој аватар Шиба Ину.

„Полека, но сигурно почнаа да се трупаат“, додаде Камил, кој има направено најмалку 500 аватари во последните четири месеци со малку уметничка обука. „Последното нешто што го имав нацртано беше кога имав 15 години во средно училиште. Јас не се нарекувам уметник. Тоа би било навреда за уметниците“, вели тој.

Камил сега работи 20-часови дневно за да координира тим од 34 луѓе ширум светот кои создаваат аватари „кучиња“ за секој што испраќа пари за поддршка на воените напори на Киев. Барањата станаа толку чести – повеќе од 1.000 дневно – што создадоа онлајн форум за да се заврши работата. Поединци се специјализирани за одредени видови аватари, на пример оние поврзани со иконографијата од Втората светска војна. Вообичаено, може да потрае од неколку часа до неколку дена за да се произведе нов аватар. Камил вели дека подемот на НАФО се должи на добра организација, инклузивност и хумор.

Групата одлучи да се нарече НАФО – капа за НАТО – откако противниците шпекулираа дека групата работи за западните агенции за национална безбедност. Кога руските инфлуенсери ја обвинија НАФО дека е димна завеса за западните шпиони, многу членови ја сменија локацијата на Твитер во „Ленгли, Вирџинија’, која е адреса на американската разузнавачка агенција ЦИА.

Како и многумина кои се приклучија на НАФО од почетокот на војната во Украина, Камил, Полјакот кој го започна движењето на почетокот на оваа година, лично ја доживува воената инвазија на Украина.Тој смета дека она што се случува во Источна Европа е слично на проширувањето на Советскиот Сојуз во пресрет на Втората светска војна и дека, ако Киев падне, другите европски метрополи ќе бидат следни на ред. Тој вели дека никогаш претходно не гласал на избори. Но, војната го натера да биде политички активен и тој сака НАФО да се фокусира на собирање средства за војниците од првата линија, а секое руско тролање на интернет за него беше неочекуван бонус.

Досега, групата собра приближно 400.000 долари за Грузиската легија и други проекти како „Потпиши ја мојата ракета“, во кој луѓето донираат за да имаат пораки напишани на украинските артилериски гранати. Политико не можеше самостојно да ги потврди тие бројки.

„Луѓето се чувствуваат многу силно сега. Порано немаа начин како да дејствуваат“, рече тој за тоа како луѓето реагираа на руската инвазија. „Но, откако се префрлија кај момците, тие повеќе не се чувствуваат како поединци. Тие се чувствуваат како да се поддржани и можат да ги поддржуваат другите“.

Метју се согласува. Колку и да уживаат луѓето да се закачуваат на руски тролови, примарна цел на НАФО е испраќање средства на украинските војници.

„Кучето беше многу смешно. Тоа е она што ми го привлече вниманието“, вели тој. „Но, она што навистина го задржа моето внимание беше идејата да соберам пари за луѓето кои всушност се борат“.

Тоа секако важи и за Страднер, аналитичарката од Вашингтон, коа го искористи големиот број на следбеници а Твитер за да ги повика другите да се приклучат на движењето. Страднер, чиј аватар Шиба Ину е со долга руса коса и син костим, се потсетува на нејзината донација секое утро кога ја користи својата кригла NAFO за првата шолја кафе.

„Ја користам оваа кригла за да добијам уште повеќе енергија во борбата против Русија“, рече таа. (Политико)