Како изгледа Земјата од „Артемис 2“? НАСА сподели фотографии
Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) денес ги објави првите слики од Земјата направени од екипажот на „Артемис II“, неколку часа откако мисијата ја напушти орбитата на Земјата, со натпис „Здраво, свету“.
Едната слика е направена од командантот на „Артемис II“, Рид Вајзман.

НАСА сподели уште една слика што прикажува дел од Земјата низ прозорецот на капсулата Орион.
View this post on Instagram