Како да се справите со тагата за време на празниците и пандемијата


Повеќето луѓе во светот оваа година доживеаја бројни губитоци и разочарувања. Поради настаните кои ги доживеавме оваа година, многумина новогодишните празници ќе ги дочекаат во значително полошо расположение отколку порано.

Повеќе од девет месеци поминаа од првите случаи со корона вирус ширум светот, речиси два милиони луѓе починаа од последиците од заразата.

Тагата, секако, е искуство со кое луѓето постојано се среќаваат, но оваа година поради пандемијата од корона вирус, тагата стана примарен секојдневен товар кој ги обзеде луѓето ширум светот.

Бидејќи за празниците се очекува да почувствуваме љубов и заедништво меѓу семејството, времето на празници со пандемија тешко им паѓа на повеќето луѓе на светот. Затоа, стручњаците подготвија неколку совети за оние кои, поради различни фактори, овие празници ги дочекуваат во лошо расположение.

Намалете ги очекувањата

Нереалните очекувања, сеќавањата и копнежот може да ја направат тагата поизразена.

„Празниците некако ги маргинализиравме и се поставивме така да мора да го имаме тоа славеничко чувство. Не мораме. Бидејќи оваа година сите тагуваме за некои луѓе кои нè напуштиле, не треба да се размислува за тоа како ќе се носиме со празниците и да мислиме дека нешто не е во ред со нас ако не нѝ се слават празници. Тоа е во овие околности нормално“, вели психологот Шери Кормер, специјалист за трауми.

Планирање на празниците

Како што веќе рековме, доколку немате желба за славење празници, особено во време на пандемија од корона вирус, тоа е потполно нормално чувство. Меѓутоа, доколку сепак се одлучите за прослава, таа не мора да биде како секоја година.

„Потребно е да се размисли кои обичаи ги сметаме за важни и да ги прилагодиме на време на пандемија. Исто така, доколку во времето на пандемијата сте изгубиле некои драги луѓе, новогодишните празници се идеално време да се соберете со семејството и пријателите и да разговарате за луѓето кои ви недостасуваат“, вели Тереза Рандо, американски психолог.

Поставување граници со луѓето

Доколку одбивате да славите новогодишни празници поради сè што се случило или поради тоа што празниците оваа година немаат смисла поради загубата на сакани луѓе, мора тоа да им го кажете на другите. Потсетете ги дека ви дошло до нив, но дека едноставно, би ценеле ако ве изостават од планираните новогодишни забави.

„Што се однесува на луѓето кои немаат чувство за вашите губитоци, мора да сфатите дека поради целата ситуација со пандемијата некои луѓе ненамерно станале помалку осетливи со оглед на количината стрес на кој сме изложени секојдневно“, вели таа.

Процес на зацелување

Во текот и по празниците, бидете сочувствителни кон себе. Истовремено, знајте дека прикривањето на тагата со претерано уживање во пијалоци, алкохол или храна може да биде повеќе штетно отколку корисно. Иако, таквите работи се општествено прифатливи за празници, последиците може да вклучуваат и зголемена анксиозност со продолжување на чувството на тага, што е исклучително тешко да се реши подоцна. Стручњаците советуваат дека најдобар рецепт за ублажување на новогодишната тага е разговор со пријателите.

„Поделете ја тагата со нив, запишете што убаво ви се случило во текот на денот, спијте повеќе и поминувајте повеќе време во природа и така процесот на зацелување побрзо ќе ви помине“, согласни се и американските и бртанските психолози.