Како да се „разбуди“ германската економија?
Германската економија доживува напад на астма, а политичарите се поделени околу лекот што треба да ѝ овозможи да дише. Либералната ФДП, најмалиот член на германската владејачка коалиција, го отфрла предлогот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека економската стагнација бара итни мерки и сака побавен, но потемелен стратешки пристап.
„Не ни требаат краткорочни конјуктурни програми, туку стратешки концепт за намалување на бирократијата, ниските даноци и зголемување на приватните инвестиции“, изјави генералниот секретар на ФДП, Бијан Џир-Сарај за медиумската група „Функе“.
На германската економија ѝ треба „офанзивен план за зголемување на конкурентноста… повеќе стимулации за приватни инвестиции, повеќе иновации и помал државен интервенционизам преку субвенции или прераспределба“, додаде тој.
Марсел Фрацшер, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (DIW), исто така го изрази своето противење на брзата нова програма за субвенции и даночни олеснувања.
„Програма за стимулирање што само ќе влее повеќе милијарди во моќното корпоративно лоби би била контрапродуктивна“, рече тој. „Тоа нема да реши ниту еден економски проблем.
Според него, Германија нема конјуктурен проблем, туку структурен. „Владата не треба да започне конјуктурна, туку долгорочна програма за трансформација, со инвестициска офанзива, опсежно намалување на бирократијата и зајакнување на општествените системи.
Копретседателката на Зелените Рикарда Ланг, исто така дел од коалицијата предводена од социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, за време на викендот навести мерки против економската стагнација.
Таа се залагаше за „инвестициска агенда“ на инвестиции во железници, градинки, дигитализација и стимулации за странските компании да започнат или прошират бизнис во Германија.
Германската економија се сопнува и е единствената меѓу 20-те предвидени од Меѓународниот монетарен фонд дека ќе биде во рецесија оваа година.
Министерот за финансии Кристијан Линднер веќе предложи речиси 50 даночни мерки за растеретување на економијата во нацртот на т.н. од Законот за раст, пишува ДПА.