Кајакарите на Арка – Борец од Велес со забележителни резултати на изборните натпревари во Охрид


 Кајакарите од клубот Арка – Борец од Велес постигнаа забележителни резултати викендот во Охрид на два клучни изборни натпревари во кајак спринт на мирна вода. На 500 метри за сениори, Љубомир Спасиќ  го освои првото место, додека Александар Златаров го освои третото место, а Кристијан Лазаров се пласираше на петтото место. 

Во конкуренција на јуниорите, Благој Гугинов освои злато.

Во дисциплината 200 метри, за сениори, Александар Златаров се пласираше на трето место, додека Љубомир Спасиќ и Кристијан Лазаров се најдоа на петтото и шесто место. 

Кај јуниорите на 200 метри, Благој Гугинов го освои среброто.

На вториот натпревар Љубомир Спасиќ повторно беше прв на 500 метри, додека Александар Златаров заврши како четврти.

Кај јуниорите, Благој Гугинов посвои злато на 500 и на 200 метри.

На 200 метри за сениорите, Александар Златаров заврши на четвртото, Љубомир Спасиќ на шесто, а Кристијан Лазаров на седмо место.