Каевски: Да го послушавме Мицкоски за енергетиката ќе бевме 100 милиони евра зијан


Дарко Каевски

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, Христијан Мицкоски, ги оспори денес познавањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од енергетиката, ставајќи ги во категоријата „лаги и промашувања“.


-Прва и најголема негова лага беше дека цената на струјата за домаќинствата и компаниите драстично ќе поскапи.Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 40 до 50 отсто предвидуваше Мицкоски.Но, во реалноста не само што нема зголемување на цената, не само што граѓаните не плаќаат повисоки сметки за струја, туку цената на електричната енергија е сериозно намалена за 72.000 компании.

Мицкоски, заложникот на Левица и Димитар Апасиев, предвидуваше и дека енергетскиот систем ќе колабира, дека цели градови ќе се соочуваат со рестрикции во зимата.Не само што немаше рестрикции, туку енергетскиот систем на државата работеше со сите кашацитети какко никога претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е зголемено во периодот јануари – февруари 2023 година.

Ја плашаше Мицкоски јавноста и дека ќе нема доволно гас за грејната сезона, бараше да се купува гас за цела зима во време кога овој енергенс беше со највисока цена.Цената на гасот драстично падна, а државата ако го послушаше Мицкоски ќе беше над 100 милиони евра во зијан.Ете толку се познавањата на најнеуспешниот советник за енергетика и директор на некогашен ЕЛЕМ, порача Каевски.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија дека со СДСМ граѓаните плаќаат 30% поскапа струја, а ЕЛЕМ се толку успешни што владата за една година  им префрлила 200 милиони евра.
 
-Не разбирливо  што сака СДС да постигне со лагите кои секој ден ги повторуваат, кога секој  граѓанин кога ќе ја погледне сметката гледа дека плаќа 30% поскапа струја. Ниту 1.000 пати да кажат дека струјата не поскапела, нема да ја сменат реалноста дека поскапела и дека народот едвај плаќа сметки.

ЕЛЕМ едвај ги покрива потребите на регулираниот пазар, а потребни беа,како што и самиот Ковачевски призна, 200 милиони евра од државата за нормално функционирање на претпријатието.Во однос на гасот, СДС подобро да молчи зошто четири месеци плаќаа цени поголеми од берзанските, во услови кога можеа да платат цени и двојно помали од берзанските.
Колку се способни за енергетика гледаме и од хавариите во РЕК Битола и битуменизираните котли заради несоодветниот јаглен кој го увезуваат фирми блиски до власта. За разлика од нив, кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски управуваа со енергетскиот сектор цената на струјата се намали, што се бројки кои сите може да ги видат, а производството на струја од домашни капацитети беше значително поголемо, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.