Кабинетот на Мицотакис има 51 член


Портпаролот на грчката влада, од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис, ги објави имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Кабинетот на Мицотакис, има 51 член (министри, заменици министри и алтернативни министри) од кои 21 првпат влегуваат во политиката.

Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис

Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас. кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.

Одговорен во Министерството за финансии ќе биде Христос Стајкурас, кој ќе има тројца заменици надлежни за различни области.

Новиот грчки премиер воведе новини во министерствата, особено во надлежностите на замениците министри и на алтернативните министри.

Досегашното министерство за економија се преименува во Министерство за развој и инвестиции.

Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот по локално време ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.

За претседател на Парламентот што почнува со работа на 17 јули, владата го предлага Константинос Тасулас.

МИА го пренесува комплетниот состав на грчката влада е:

Премиер: Кирјакос Мицотакис

Заменик претседател на владата: Панајотис Пикраменос

Заменик министер под премиерот задолжен за координација на работата на владата: Акис Скерцос

Заменик министер под премиерот задолжен за комуникација и владин портпарол: Стелиос Пецас

Државен министер: Јоргос Герапетритис

1.Министерство за финансии

Министер: Христос Стајкурас

Заменик министер задолжен за даночна политика и државен имот: Апостолос Везиропулос

Заменик министер надлежен за фискална политика: Теодорос Скилакакис

Заменик министер надлежен за финансиски кредитен систем: Георгиос Завос

  1. Министерство за развој и инвестиции

Министер: Адонис Георгиадис

Заменик министер надлежен за приватни инвестиции : Јанис Цакирис

Заменик министер надлежен за истражување и технологија: Христос Димас

Заменик министер надлежен за индустрија и трговија: Никос Папатанасис

  1. Министерство за надворешни работи:

Министер Никос Дендиас

Алтернативен министер надлежен за европски прашања: Милтиадис Варвициотис

Заменик министер надлежен за економска дипломатија: Костас Франкојанис Заменик министер надлежен за дијаспората: Андонис Диаматарис

  1. Министерство за цивилна заштита

Министер: Михалис Хрисохоидис

Алтернативен министер надлежен за миграциска политика: Јоргос Кумуцакос Заменик министер за надлежен за антикриминална политика: Лефтерис Иконому

  1. Министерство за одбрана

Министер: Никос Панајотопулос

Заменик министер: Алкивиадис Стефанис

  1. Министерство за образование и религија

Министер: Ники Керамеос

Заменик министер надлежен за основно и средно образование: Софиа Захараки Заменик министер надлежен за високо образование: Василис Дигалакис

  1. Министерство за труд и социјални работи

Министер: Јанис Вруцис

Заменик министер надлежен за социјално осигурување Панајотис Митаракис

Заменик министер надлежен за грижа и општествена солидарност: Домина Михаилиду

  1. Министерство за здравство

Министер: Василис Кикиљас

Заменик: Василис Кондозаманис

  1. Министерство за животна средина и енергија

Министер: Костис Хаѕидакис

Заменик министер надлежен за енергија и природни ресурси: Герасимос Томас

Заменик министер надлежен за планирање на земјиштето и градска животна средина: Димитрис Иконому

  1. Министерство за култура

Министер: Лина Мендони

Заменик министер надлежен за спорт: Лефтерис Авгенакис

  1. Министерство за правда

Министер: Костас Циарас Заменик: Димитрис Кранис

  1. Министерство за внатрешни работи

Министер: Панајотис Теодорикакос

Заменик министер надлежен за локална самоуправа и избори: Теодорос Ливианос

Заменик министер надлежен за Македонија и Тракија: Теодорос Караоглу

  1. Министерство за дигитално управување

Државен министер и министер за дигитално управување: Кирјакос Пиеракакис

Заменик министер надлежен за поедноставување на процесите: Георгиос Георгадас

Заменик министер надлежен за дигитална стратегија: Григорис Зарифопулос

  1. Министерство за инфраструктура и транспорт

Министер: Костас Ахилеа Караманлис

Заменик министер надлежен за транспорт: Јанис Кефалојанис

  1. Министерство за поморство

Министер: Јанис Плакиотакис

  1. Министерство за земјоделски развој

Министер: Макис Воридис

Заменик министер надлежен за заедничка земјоделска политика: Костас Скрекас Заменик министер надлежен за риболовна политика: Фотини Арабаѕи

  1. Министерство за туризам

Министер: Харис Теохарис

Заменик министер: Манос Консолас.