К-15 со трето и последно шоу во живо по повод 30-годишниот јубилеј

Поради огромниот интерес кај публиката, легендарните К-15 го закажаа и третото шоу во живо, како дел од прославата на 30-годишниот јубилеј. Воедно, мора да се напомене дека ова е и последно шоу, а е закажано за недела, 18 мај 2025 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје.
Дека за сите три настани може да очекуваме единствено и незаборавно искуство, потврдува и фактот што тие ќе бидат режирани од еден од најпознатите македонски режисери, Синиша Евтимов, кој ќе биде одговорен за целокупниот концепт на настаните.
Додека за несекојднево музичко искуство ќе се погрижи маестро Џијан Емин, кој ќе создаде нови оркестрации на култните песни на „Дуо Трио“ и кој на сцената ќе биде придружуван од 30 врвни музичари.
К-15 ветуваат незаборавна ноќ, исполнета со емоции и ретки моменти, што ќе останат во сеќавање на сите љубители на нивниот хумор и музика.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој историски настан кој се случува сега и толку! Картите се во продажба на kupikarta.com