ЈЗУ Клиничка болница-Битола: Лажна е веста за починато бебе во болницата
– Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. Напротив, во текот на денешниот ден регистриравме раѓање на здраво машко бебе, и тоа е 190 новороденче од почетокот на оваа година, изјави Ивановска.
Како што е познато, д-р Елизабета Ивановска, специјалист-интернист од неодамна е нова директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“-Битола.