Јужна Кореја ќе ги казнува луѓето што не носат маски
Јужна Кореја ќе ги казнува луѓето што не носат маски од крајот на овој месец, додека земјата ги проширува своите правила за задолжителни прекривки на лицето.
Иако Јужна Кореја помина подобро од многу други земји во спречувањето на епидемијата на корона вирусот, секојдневните случаи се искачија на над 100 во последните неколку дена.
Корејската агенција за контрола и превенција на болести објави 124 нови случаи во саботата, што е петти ден по ред инфекциите да надминат 100. Агенцијата соопшти дека се појавиле кластери на места како што се училишта и домови за грижа и на мали семејни собири.
Земјата регистрираше вкупно 26.732 случаи Ковид-19 и 468 смртни случаи заклучно со понеделникот наутро.
Како одговор, задолжителното носење маска – веќе во 12 места со „висок ризик“ како што се клубови и барови во караоке – ќе се прошири од 7 ноември на 23 дополнителни места, вклучувајќи спа центри, сали за венчавки, стоковни куќи, тематски паркови и фризерски салони .
Од 13 ноември, секој што не носи маска на тие места се соочува со парична казна до 100.000 вони (70 евра), додека операторите на просториите можат да бидат казнети со казна од 3 милиони вони.
Јужнокорејските власти предупредија на самозадоволство и покрај релативно нискиот број на случаи во земјата. „Продолжената епидемија на Ковид-19 е неизбежна сè додека не се развијат третмани и вакцини“, рече министерот за здравство, Парк Неунг-ху.