Јужна Кореја ја издигна демографијата на ниво на министерство – пребрзо се старее


Јужна Кореја ќе формира ново министерство за стратегии за населението за справување со нискиот наталитет и брзото стареење на населението, прашања што се наметнаа како најпредизвикувачките проблеми со кои се соочува јужнокорејското општество.

По средбите со владејачката партија, Владата објави план за ревизија на законот за организација на владата со цел формирање на министерство, јавија јужнокорејските медиуми.

Откако ќе се формира, новото министерство ќе се фокусира на стратегија и планирање за демографски прашања, како што се нискиот наталитет, стареењето на населението, работната сила и имиграцијата, што ќе служи како институција за тие прашања.