Јужна Кореја и Јапонија тврдат дека Северна Кореја лансирала ракета кон море


Северна Кореја денеска истрела можна балистичка ракета кон морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, соопштија јужнокорејскиот генералштаб и јапонската Влада.

Засега не е јасно колку далеку летал проектилот, пренесе ДПА.

На Северна Кореја и е забрането да лансира балистички ракети од секаков вид со резолуции на ОН. По серијата ракетни проби минатата година, изолираната земја и оваа година тестираше ракети кои можат да носат нуклеарни глави.

Пјонгјанг ги обвини Јужна Кореја и САД дека водат непријателска политика.