Јулија Навални: Верувам дека режимот на Путин ќе падне


Руската опозициска лидерка Јулија Навални, која организираше антивоени демонстрации во Берлин во неделата, денеска призна дека „нема план за да стави крај на режимот на Владимир Путин, но се надева на негов колапс“.

Навални (48), која ја презеде функцијата лидер на движењето на нејзиниот сопруг Алексеј Навални, призна дека „никој во опозицијата нема план“ да стави крај на инвазијата на Украина и владеењето на претседателот Владимир Путин.

„Ако некој имаше план, ние сигурно одамна ќе го прифатевме и спроведевме“, рече таа во интервју за руската опозициска телевизија „Дожд“.

„Сè брзо се менува и никој не знае на што ќе треба да се прилагодиме или со што ќе се занимаваме утре“, додаде таа, истакнувајќи дека опозицијата треба да се фокусира на секојдневните активности на спротивставувањето на Путин.

Таа потврди дека „ќе има план, но за тоа ќе треба многу време“. „Ние сигурно ќе победиме, не можеме да дозволиме убиец и воен злосторник да владее со земјата“, додаде Навални.

Тројца руски опозиционери кои живеат во егзил, вклучително и Навални, ги организираа првите големи антивоени и анти-Путин демонстрации во странство во Берлин во неделата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека руските опозиционери се „во голема мера и трајно отсечени од својата земја“. „Нивното мислење воопшто не е важно“, нагласи тој.