Јубилејниот концерт на Влатко Стефановски во Филхармонија распродаден, ќе има уште еден


Фото: Б. Грданоски

Kонцертот на легендарниот гитаристички виртуоз Влатко Стефановски, закажан на 9 мај во Македонската Филхармонија е рапродаденПоради големиот интерес, пуштен е дополнителен термин на 10 мај 2025 година, исто така во Македонската Филхармонија, во 20 часот.

„Ви благодарам на големиот интерес што го покажавте за мојот свечен концерт, кој ќе се одржи на 9 мај во салата на Македонската филхармонија. Поради вашиот огромен интерес, додадовме уште еден датум, наредниот ден, на 10-ти мај. Не ја пропуштајте можноста сите заедно да уживаме во музиката што упорно и посветено ја создавам веќе 50 години, да ги видите моите пријатели, драги соработници на сцената, и сите заедно да уживаме во добра атмосфера, добро расположение и, верувам, уште подобра музика“, рече Влатко Стефановски.

Со овие концерти Влатко Стефановски и неговите гости ќе го одбележат импресивниот јубилеј – 50 години на музичката сцена. Концертите ќе претставуваат пресек на неговата извонредна кариера – од деновите со култната група Леб и сол” па се до неговата успешна соло кариера. Препознатливиот спој на инструментален рок, етно џез, блуз и македонска традиционална музика, ќе добие нова димензија со посебни гости, кои ќе му се придружат на сцената во овие незаборавни вечери и ќе изведат хитови како Чукни во дрво“Gipsy Song”, Чувам ноч од буднихКао КакаоМакедонско девојче и многу други.

Пред кратко време В.Стефановски во легендарното Abbey Road Studiju 3 во Лондон, го сними албумот “London Sessions”, кој претставува врвна соработка на врвни музичари. На албумот се и неговиот син, Јан Стефановски на тапани, како и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со асицтенција на Ед Фарел и Леа Морис, додека “lacquer cut” на албумот во лондонското Abbey Road Studios го режеше Sean Magee, добитник на наградата Grammy за “Mono Box Set”  од BeatlesНовиот албум “London Sessions” е достапен и на трикратен ЛП формат.