ЈСП во криза, и сите да функционираат ќе му фалат 100 автобуси!


Предлогот за набавка на нови еколошки автобуси повторно беше отфрлен во Град Скопје иако состојбата со градскиот јавен превоз е алармантна и од септември ќе биде уште полошо.  Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за оваа предлог одлука, за која беа потребни гласови од 23 советници, а гласа само 17 советници.

Дека сотојбата во ЈСП е ужасна потврди директорот на ова претпријатие Драги Кушовски. Тој рече дека на ЈСП му недостигаат од 40 до 50 автобуси за да  може да го почитува летниот возен ред, посочувајќи дека во мометов во сообраќај се вклучени од 190 до 200 автобуси, а зимскиот и летниот возен ред се правени за околу 350 автобуси.

„Со оваа бројка на автобуси не можеме да го опслужиме ни летниот возен ред за кој знаеме дека е скратен возен ред. Колку и да работиме, колку и да сакаме, возачите не се во состојба да го реализираат возниот ред. Од септември кога ќе се воведе зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде уште потешка, бидејќи се зголемува бројот на автобуси. И ниту еден автобус да не се расипе ќе имаме недостаток од 100 автобуси. Во моментов недостигаат од 40 до 50 автобуси“, вели Кушовски. 

Набавката на екоавтобуси се најде на дневен ред по 21 пат на седница на Советот, Градонаалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги повика советниците да дадат поддршка. 

„На овој град му се неоходни превозни средства кои ќе бидат еколошки и кои нема да загадуваат и ќе ги задоволат потребите на граѓаните. Секој ден гладате дека граѓаните се незадоволни. Оваа одлука ќе го реши нивниот проблем кој е во ваши раце. Јас не можам да ја донесам, зашто тоа е ваша одлука. Ако можев јас да ја донесам, досега ќе ја донесев одлуката“ рече таа. Поради коалицијата ДПМНЕ-СДСМ граѓаните нема да добијат еколошки автобуси, обвинува Арсовска

Според неа, оваа набавка е повеќегодишна, а откако почне постапката, би завршила следната година, а набавката би била од 20226 година.

Инаку, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори предмет во врска со сообраќајната несреќа што минатата недела се случи во центарот на Скопје, кога двокатен автобус на ЈСП удри во жардиниера. Обвинителството ја испитува сообраќајката на автобусот што удри во жардиниера, ќе се вештачи исправноста на возилото Еден ден подоцна, возачот на автобусот во изјава за медиумите кажа дека несреќата е резултат на неисправноста на возилото поради која изгубил контрола над воланот и удрил во жардиниерата. Посочи оти во неколку наврати  алармирал за неисправноста на автобусот, но и покрај тоа тој бил пуштан во сообраќај.