JСП со соопштение до редовните студенти во врска со бесплатното користење на јавниот превоз


Фото: Б. Грданоски

Ги информираме сите редовни студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје дека имаат право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз.

Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс на увид и 200 ден, еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“.

На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година.

Останатите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста.

Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee.