ЈСП Скопје ќе добие 135 милиони денари за справување со ковид кризата


Фото: Б. Грданоски

Град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.

Одлуката е донесена на синоќешната седница на Владата.

На седницата е донесена и Одлука за одобрување средства од Буџетот за 2020 година, во износ од  77.000.000 на Општина Кичево, за реконструкција на општинската зграда.

За искористеноста на средствата, Општина Кичево, има обврска да достави извештај до Владата во рок од 15 дена од завршување на активностите, информира владината прес-служба.