ЈСП го суспендира возачот на „24-ка“ што нападна патник
ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.
Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.
Имено, возач на автобус на ЈСП бр. 24 синоќа физички нападнал патник, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата, на настанот претходело недоразбирање.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.