ЈСП е целосно на располагање на граѓаните, но не ги задоволува потребите


Фото: Б. Грданоски

Со почетокот на учебната година, автобусите на јавниот градски транспорт во Скопје се преполни, почна метежот, а граѓаните се гневни на одговорните што не овозможиле подобри услови.  По забелешката дека приградсите линиии се редуцирани, иако учебната година почна, а средношколците најмногу го користат овој вид транспорт, од Градот и од ЈСП најавија дека од понеделник ќе се вратат на редовен возен режим.  

– Ние, потенцијалот што го имаме како град, потенцијалот што го има ЈСП како транспортно претпријатие во целост го ставаме и го подигаме системот за потребите коишто ги имаме. Моја проценка беше, бидејќи на градските линии коишто беа најоптоварени цело време возат автобусите по редовна линија, на пригратските беа скратувањата, дадов налог да се погине тоа, од понеделник да го имаме целосно редовниот превоз – рече градоначалникот Петре Шилегов денеска, при посетата на СМЦ „Панче Караѓозов“.

Тој некокупати досега вина за метежот што се случува „во средствата за јавен превоз во нашиот град е заради тоа што системот којшто вози во Град Скопје за автобуски линии е од 1984 година“. 

– Ова што сега се случува, особено во ковид, ја дава всушност исправноста на одлуката на градот, на владата да помогне во тој процес, конечно Скопје да добие еден систем на модерен и брз, ефикасен јавен транспорт. Ова што сега го имаме е потреба на Скопје од 1984 година. Многу пати досега во изминативе неколку години, кога зборувавме за јавниот транспорт го истакнував тоа. Ние целиот потенцијал на ЈСП го ставаме на располагање, меѓутоа јас сум многу, многу свесен дека тоа не е она што навистина ги задоволува потребите, затоа што кажав, застарен е системот од 1984 година. Трагично е што во изминатите 27 години пред моето доаѓање за градоначалник и покрај фрапантните 680 милиони евра потрошени во еден километар квадратен во центарот на нашиот град некадарните луѓе, некадарните водачи на градот од сегашната опозиција не одлучија да го решат ова како што треба –  рече Шилегов.

Фото: Б. Грданоски

Се пофали дека тие за неполни три години го довеле целиот систем во фаза на изведба на транспорт во Скопје.

Од ЈСП, информираа дека од денеска автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, поточно дека “јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број возила во споредба со изминатите неколку месеци, со дефиниран возен ред“.

Исто така, од денеска повторно важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП „Скопје“.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење привремени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.(Б.Б.)