ЈП Водовод и канализација – Скопје ги зголемува платите на вработените


Фото: Б. Грданоски

Поради  сериозноста на економската положба, деликатните процеси со ценовните пазарни шокови и актуелната инфлација, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје,
Златко Перински ќе предложи до Управниот одбор на претпријатието да се покачат линеарно на сите вработени, соопштија од претпријатието. 

Ова покачување ќе ги опфати сите 1.278 вработени чии месечни плати заклучно со
августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2.806 денари. Ова е прво вакво
зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.

Ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и
е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува
јавното претпријатие, наследените финансиски обврски и големите државни
должници спрема ЈП Водовод и канализација – Скопје. Меѓу најголемите должници
на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички служби во
државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари, Општина
Зелениково 41.320.352 денари итн.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите
вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици
заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува
нашиот приоритет“, стои во соопштението.