ЈП „Градски паркинг“ од утре со променето работно време

Од ЈП „Градски паркинг“ ги информираат корисниците дека од утре, 1.10.2022, започнува да се применува ново работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје.
Работното време ќе биде:
Зоните А, Б и Ц:
од понеделник- петок од 07:00- 21:00,
во сабота од 07:00- 14:00
Зона Д:
од понеделник- сабота од 07:00- 23:00
– Апелираме до нашите корисници да го почитуваат работното време на зонските паркиралишта и навремено да ја регулираат услуга паркирање, велат од претпријатието.