Јотова во посета на клубот „Ванчо Михајлов“ на денот на ослободувањето на Битола

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска ќе ја посети Битола, токму на 4 ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката бугарско-германска окупација.
Засега нема официјална информација за целта на нејзината посета и агендата за време на престојот.
-Ако Јотова оди во Евла нека се искачи до соседното село Болно, Ресенско, да каже каде се гробовите на народните херои Мите Богоевски и Стив Наумов, на кои до денес не им се знаат почивалиштата, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци од Битола. За него доаѓањето на потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова, во Битола и околината точно за 4 ноември, кога градот го одбележува Денот на ослободувањето од фашизмот е чиста провокација.
Од СВР Битола соооштуваат дека ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот денеска поради присуството на Јотова, а утре поради присуството на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски кои в сабота, на 5 ноември ќе присустуваат на одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.