Јотова: Работата со Македонија не е завршена


 

„Во лето не работат европските институции, но од есен ќе почне процесот. Отсега ќе има неколку инспекции од Европската комисија, неколку извештаи од евалуацијата на Советот, каде Бугарија ќе мора секој пат да потсетува на својот став“, вели Јотова.

„Но, по сето тоа што се случи – по овој многу тежок преговарачки процес, со бројни средби, разговори и дијалог, мислам дека Европската комисија и земјите во Советот ќе бидат доволно внимателни. Никој нема корист од враќањето на работата на почетна позиција. Најмалку нашите соседи од Република Северна Македонија, затоа што тие треба да бидат дел од европското семејство“, изјави потпретседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова во утринската програма на БНТ.