Јотова ќе му пишува на Стразбур за децата од Македонија

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Македонија кои ја посетија Бугарија и остварија средби со бугарски политичари. Во писмото, како што вели, ќе посочи колку работи се прекршени од општата Повелба за човекови права и за правата на децата и како се злоупотребуваат децата за сомнителни политички цели.
– Овие деца не дојдоа да се сретнат само со бугарските институции, тие дојдоа заедно со бугарските деца да се сликаат за мир, за разбирање, за добрососедство – што треба да биде основата на нашите односи, кажала Јотова.
Од ОЈО Битола потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава од МВР за злоупотреба на деца од Битолскиот монмарт кои, без да знааат нивните родители, биле носени на средби со бугарски политичари.