Јосипа Лисац ги поддржа студентите од Србија

Јосипа Лисац на својот Инстаграм профил ретко коментира за настани надвор од музиката и уметноста. Сепак, една од најголемите музички диви од поранешна Југославија даде кратка и јасна оценка за најмасовниот протест што се одржа во Белград на 15 март.
Протестот „15. за 15“, на кој се собраа маса студенти и други граѓани од цела Србија, ја остави Јосипа Лисац речиси без зборови. Таа на својот профил објави една од најнезаборавните слики од Белград и кратка порака.
„Младите во борба и надеж за подобар живот“, пишува Лисац, а бројните учесници на протестот се огласија и се заблагодарија на дивата за поддршката.
„Једна младост, један свијет наде“, одговорија фановите, цитирајќи ги зпрвите стихови на една од нeјзините најславни песни.
Протестот, официјално наречен „15. за 15“, организиран и спроведен од студентското движење во Белград во саботата на 15 март, според многу проценки беше најмасовниот собир во историјата на Белград. Медиумите јавуваат дека на Славија и на авенијата што водат до неа се собрале неколку стотици илјади луѓе. Но, градот беше преплавен со луѓе, дури и на мостовите што го поврзуваат Нов Белград со стариот дел на градот, бидејќи сообраќајот беше во прекин. Сè уште се прават проценки колку луѓе имало синоќа, а некои дури велат дека дури милион луѓе биле на улица.