Јоркширскиот мевосек почина од корона вирус


 Британскиот сериски убиец Питер Сатклиф, попознат како јоркширски мевосек, почина во затвор како последица на Ковид-19.

Сатклиф убил најмалку 13 жени, со претепување и бодење со нож, низ цела Англија. Пред да биде уапсен 1981 година, тој сееше страв речиси пет години, а за тоа време и рани седум жени.

Најмладата девојка што ја нападнал имала 14 години, но сепак успеала да го преживее нападот со удар со чекан во главата.

Тој беше осуден на 20 доживотни затворски казни, а подоцна му беше дијагностицирана параноидна шизофренија. Тој почина на 74-годишна возраст откако одбил да прими антивирусна терапија.