Јорданов тврди дека Владата ќе потоне како Титаник, Мисовски му порача – мало сутра

Пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница ја спореди новата влада со бродот Титаник.
Тој во продолжи со споредбите на владата со бродот.
-Гледајќи ги партиите од владејачкото мнозинство, повеќе или помалку наликуваат на горните слоеви од овој брод, елитизам, глумење сила, еминенција, пари, а помалите политички партии од тој состав се оние патници сместени во долните слоеви, надевајќи се дека ќе бидат дел, дека ќе сркнат од сребрената лажица, иако помалите партии ништо не добија во оваа коалиција. Титаник бил потопен од санта мраз, а оваа влада за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена македонски народ, истакна Јорданов.
Пратеникот од НСДП Горан Мисовски на српски јазик му реплицираше дека новата влада ќе трае.
„Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден“, рече пратеникот Мисовски.
Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите. Од ВМРО – ДПМНЕ очекува во наредниот период демократизација во идеолошкиот дел со напуштање на класичниот национализам.