Јон Ајди со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во Скопје


Синоќа, во срцето на Скопје, не се одржа само промоција на нов сингл – се случи емотивна, интимна и културно значајна вечер. Yon Idy, еден од најистакнатите нови гласови на домашната музичка сцена, ја одбележа премиерата на својата нова песна „Don’t Break It“ со настап во живо со цел бенд, премиера на видеото и публика составена од артисти, новинари, музички професионалци и пријатели.

Настанот претставуваше симболичен влез во ново поглавје за Yon – откако неодамна потпиша ексклузивен договор со американската издавачка куќа NVAK Collective, со што стана првиот македонски артист кој добил ваков тип на договор со етаблирана американска етикета.

“‘Don’t Break It’ зборува за токсична врска низ која поминав,” изјави Yon пред изведбата. “За чувството на манипулација, беспомошноста, и за моментот кога знаеш дека доаѓа крајот, но сепак молиш срцето да не ти биде скршено целосно.”

Видеото е во режија на Ени Вучидолова, каде директор на фотографија е Роберт Божиновски и Ени Вучидолова, а прв асистент на камера е Марија Алтипармакова; целата продукција и фотографијата се реализирани од Two by Four Production – https://twobyfour.mk/about/