ЈКП Гази Баба: Загадена водата во Булачани

Во периодот од 8 до 10 март 2025 година, водата во селото Булачани добила променета боја и миризба, предизвикувајќи загриженост кај локалното население. Јавното комунално претпријатие Гази Баба веднаш реагирало и го пријавило случајот во СВР Скопје, каде што преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, на 12.03.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22 часот на 08.03.2025 до 7 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба.
-По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.