Јирген Клоп ја презема Рома


Сензација во Серија А – Јирген Клоп ја презема Рома.

Италијанците тврдат дека се е готово: Во 22,57 Јирген кажа „ДА“!

Поранешниот менаџер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, се враќа на тренерската работа, иако најавуваше нешто друго.

Италијанската „Ла Стампа“ тврди дека познатиот стручњак од следната сезона ќе го води тимот на Рома од клупата.

Неговото доаѓање во Рома ќе биде официјално потврдено во наредните денови.

Рома сакаше наследник на легендарниот Клаудио Раниери, кој се повлече од тренерската пензија, да биде славниот Карло Анчелоти, но откако Дон Карло ја прифати понудата на Бразил, популарната Волчица од Рим се сврте кон Клоп.

„Ла Стампа“ истакнува дека Клоп својата конечна потврда ја дал во недела во 22,57 часот, веднаш по завршувањето на натпреварот Рома – Милан.

Рома има амбициозни планови за следната сезона. Идејата е со Клоп да се доведат шест нови играчи – три сериозни засилувања за стартната постава и тројца играчи кои би ја зголемиле конкуренцијата во тимот.

Јирген Клоп со голем успех девет години го водеше славниот Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Купот Карабао, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.