Јавните собири во Шведска ограничени на осум луѓе
Почитувањето на препораките во врска со коронавирусот во Шведска не покажа резултати од пролетта и сега јавните собири ќе бидат ограничени на осум луѓе, во однос на претходниот лимит од 300 лица, изјави денеска шведскиот премиер Стефан Ловен.
– Ова е ново правило за целото општество. Не одете во фитнес центри, во библиотели, не организирајте вечери. Откажете, истакна Ловен на прес-конференција.
Шведска го привлече меѓународното внимание поради својот невообичаен одговор на пандемијата, избегнувајќи затворање на земјата и потпирајќи се на доброволно почитување на мерките.
Стапката на смртност во Шведска по бројот на население е неколку пати поголема отколку кај нејзините нордиски соседи, но е помала отколку во европските држави.